(ВИДЕО) Како се движеле платите на ракометарите на Вардар во последните 10 сезони – Кој бил најплатениот?

Loading

Handball tv ги објави платите на ракометарите на македонскиот и европски првак Вардар.

Според овие информации, најплатен ракометар на РК ВАРДАР е хрватот Игор Карачиќ со 15.500 евра месечно, по него следат Тимур Дибиров и Даинис Криштопанс со по 15 илјади евра месечно.

По овие двајца следува голманот Арпад Штербик со 14,800 евра месечна плата, па Лука Циндриќ со 12,500 евра, а капитенот Стојанче Стоилов е шести со 10 илјади евра заедно со Вуко Борозан, Алекс Душебаев, и Сташ Скубе…

Погледнете како се движеле платите на ракометарите на Вардар во последните 10 сезони во оваа одлична видео компилација направена од Handball TV….