(Видео) Најдобрите моменти од Ф1 трката во Австрија – Кој рекорд на Сена го урна Хамилтон?

Loading

Британецот Луис Хамилтон од Ф1 тимот на Мерцедес победи за Големата награда на Штајерс, Австрија која беше втора од овогодинешниот шампионат.

Foto:AP

Шесткратниот светски шампион на патеката „Ред Бул Ринг“ ја запиша 85.победа во кариерата и сега го делат уште шест победи за да се изедначи со рекордерот Михаел Шумахер.

Хамилтон минатата седмица на истата патека не успеа да се искачи на подиумот, за разлика од денеска каде без поголеми проблеми стигна до нов триумф.

Второто место му припадна на неговиот тимски, финецот Валтери Ботас додека трет заврши возачот на Ред Бул Макс Верстапен.

Возачите на Ферари трката ја завршија во првиот круг откако Леклер беше невнимателен и при еден судар со својот тимски колега Фетел ја завршија трката. 

Бодови уште освоија Албон, Норис, Перез, Строл, Рикардо, Сајнц и Квјат. На оваа трка Хамилтон го собори рекордот на бразилецот Аиртон Сена од 19 трки на кои освоил пол позиција и во трката од почетокот до крајот останал на првата позиција.

Следната трка треба да се вози во Унгарија на патеката Хунгароринг на 19 Јули.

Ова се најдобрите моменти од денешната трка….