(ВИДЕО) Како бомба одекна победата на Македонија против Италија – Честитки добивме и од Новак Џоковиќ!

Loading

Фудбалска Македонија направи чудо во Палермо совладувајќи го европскиот шампион Италија со 1-0.

Голот вреден победа и пласман во финалето од баражот за настап на Мундијалот оваа година во Катар го постигна Александар Трајковски во 92 минута од натпреварот.

Победата на Македонија одекна како бомба во Европа и во светот, а честитки за победата стигнуваа од сите страни.

Меѓу нив беше и најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ кој испрати специјална порака по триумфот.

Со посредство на менаџерот Никола Томиќ, кој е добар пријател на српскиот тенисер, тој им упати зборови за поддршка.

„Честитки, браво Македонија! Херои! Секоја ви чест, гледав, навивав. Одиме момци, уште еден чекор, па на Светско! Се најдобро ви посакувам!“, вели Џоковиќ во пораката упатена за македонските фудбалери.

Последна пречка за историскиот пласман на еден Мундијал за Македонија ќе биде Португалија на Кристијано Роналдо. 

Натпреварот ќе се игра во вторник, а домаќин ќе биде подобро рангираната селекција на Португалија на стадионот Драгао во Порто со почеток од 20.45 часот.