ВИДЕО: Ф1 тимот на Мерцедес го објави датумот на претставување и тестирање на новиот болид за 2022 сезона!

Loading

Новиот болид за сезоната 2022 во Формула 1 на тимот на Мерцедес АМГ ќе биде промовиран на 18 февруари, а истиот ден ќе биде извршено и пробното тестирање.

фото: DAVIDE CHIAPPINI DC GRAPHICS

Новиот болид на Мерцедес го доби името W13, а Мерцедес минатата сезона ја освои титулата во конкуренција на конструктори, осма година по ред.

Потсетување, кај возачите титулата ја освои возачот на Ред Бул Рејсинг, холанѓанецот Макс Верстапен буквално во последниот круг откако го мина британецот и дотогаш актуелен шампион Луис Хамилтон.

Новата сезона во Формула 1 стартува на 20 март со трката за Големата награда на Велика Британија, а за Мерцедес оваа година ќе возат двајца британци, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.