Видео: Челзи го доби лондонско дерби со Арсенал на Емирати!

Loading

Во дербито на Англиската премиер лига, актуелниот шампион го совлада Арсенал нагости со 1-0 на Емирати во Лондон.

kosta1

Стрелец на единствениот гол беше клучниот играч на дербито, Диего Коста кој биеше прецизно во 23 минута, само неколку минути откако со прекршокот над него Пер Мертесакер доби директен црвен картон.

Потег по кој Арсен Венгер се одлучи од игра да го извади Оливие Жиру, напаѓачот кој игра одлично во последно време.

Одличен од заминувањето на Жозе Мурињо е и Коста благодарение на чиј гол Челси сега е 13-ти со 28 освоени бода.

Арсенал сега е трет со 44 бода, исто колку и вториот Манчестер Сити додека лидер е изненадувањето Лестер со 47 освоени бода по одиграни 23 кола од Премиер лигата.

Во ова коло изненадување направи Саутемптон кој на Олд Трафорд го победи Манчестер Јунајтед со 1-0.