AUS Open 2016: Раониќ го шокираше Вавринка, Мареј и Ферер во 1/4 финале

Loading

На австралија опен се играат мечевите од осминафиналето во машка и женска конкуренција.

rao-waw

Кај мажите се случи и најоголемото изненадување каде Милош Раониќ, за првпат во кариерата го победи Стен Вавринка во 5 сета со 3-2 и избори пласман меѓу најдобрите осум на Австралија Опен.

Воедно Раониќ, стана првиот Канаѓанец кој четири пати играл четвртфинале на Грен слем турнирите.

Големата борба траеше 3 часа и 45 минути, а Раониќ успеа да слави во 5-тиот сет со 6:3. Раониќ за пласман во полуфиналето ќе се бори против Гаел Монфилс кој во четири сета 7:5, 3:6, 6:3, 7:6 го победи рускиот тенисер Андреј Кузњецов.

Четвртфинале избори и Давид Ферер кој со 3-0 го победи Џон Изнер од САД со 6-4, 6-4 и 7-5 и закажа дуел со Енди Мареј кој во три сета го победи Томич.

Кај дамите изненадена беше Макарова која загуби од Конта со 2-1 во сетови 4-6, 6-4 и 8-6, а пласман во следната фаза обезбедија и Кербер и Азаренка кои беа поуспешни во 2 сета од Бек и Стрицова.

Последна 1/4 финале од попладневната програма обезбеди Женг од Кина која ја изненади Кис со 2-1 во сетови.