Натурализираниот британски атлетичар Мо Фарах ја одбрани титулата на 10 километри на Светското првенство во атлетика кое викендов започна во Пекинг.
Фарах делницата ја претрча со време од 27:01.13 минути и ја одбрани светската круна од пред 2 години во Москва. Втор низ целта со 63 стотинки послабо време од Фарах стигна Џефри Кипсанд Камворор од Кенија, а неговиот сонародник Пол Кипнгетич Тануи ја освои бронзата.
На стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг претходно Гирмај Гебреселасија од Еритреја победи во маратонската трка и на 19-годишна стана најмладиот светски првак во маратон во историјата.
Првиот златен медал на СП 2015 го освои и Германија, откако Кристина Шваниц победи во фрлање ѓуле со далечина од 20,37 метри, што ѝ го обезбеди златниот медал.
Среброто ѝ припадна на домашната натпреварувачка Лијао Гонг со 20,30 метри, а Американката Мишел Картер го освои бронзениот медал со фрлени 19,76 метри.