Нова трансфер бомба одекна синоќа во НБА лигата. Двејн Вејд го напушта тимот на Мајами и следната сезона ќе игра во ривалот Чикаго Булс.
Вејд ќе потпише за клубот од родниот град двегодишен договор вреден 47,5 милиони долари.
Со тоа Вејд ја заврши 13-годишната кариера во Мајами Хит, до сега единствениот клуб за кој играше во кариерата.
За да обезбедат доволно пари за договорот на Вејд, Булси го трејдуваа Хозе Калдерон во Лејкерси, а Мајк Данливи во Кливленд.
Булси направија големи промени ова лето, каде замина првата ѕвезда Дерик Роуз во Њујорк, а на позицијата плејмејкер ќе игра Ражон Рондо.
На центарската позиција замина Пау Гасол во Сан Антонио, додека стигна Робин Лопез од Њујорк.