Вечерва е денот Д за Јунајтед, преку Вест Хем до пласман во ЛШ!

Loading

Манчестер Јунајтед вечерва го игра најважниот натпревар оваа сезона во Премиерлигата.

west-man utd

Тие нагости ќе мора да забележат победа кај Вест Хем во заостанатиот меч од англиската Премиер лига.

„Црвени ѓаволи“ се на петтото место на табелата со само два бода помалку од градскиот ривал Манчестер Сити, а евентуален триумф ќе значи задржување на шансите за пласман во квалификациите од Лигата на шампионите следната сезона.

Покрај овој меч, се играат уште три заостанати натпревари, во кои ќе се сретнат:

Сандерленд – Евертон,
Норич – Вотфорд и
Ливерпул – Челзи.

Manchester-United-v-West-Ham