Мареј спогодбено се раздели со тренерот Амели Морезмо!

Loading

Енди Мареј ја раскина соработката со својот тренер французинката Амели Морезмо по поразот на Британецот во финалето на Мастерсот во Мадрид.

murray-mauresmo

Мареј ја бранеше титулата во Мадрид, но во финалето загуби од Новак Џоковиќ со 2-1 во сетови.

Мареј не ја одбрани титулата во Мадрид, загуби во финалето од Џоковиќ, но и го загуби второто место на АТП листата.

Сега Роџер Федерер е втор, со ист број на бодови како и Мареј по 7.525, а неприкосновен на врвот е Џоковиќ со 16.550 бодови, односно 9.025 повеќе од Федерер и Мареј.

„Изминатите две години таа имаше големо влијание во мојот тим и многу ќе ми недостасува. Амели имаше непроценливо значење за тимот, внесе мир во нашиот табор.

,,И благодарам, во наредниот период ќе ги разгледам наредните чекори“, изјавил Мареј.

Соработката со Амели Морезмо, на Мареј му донесе 7 титули.