Сега и официјално, германскиот репрезентативец Андре Ширле е нов играч на Борусија Дортмунд.
Информацијата ја потврдија и двата клуба, а довчерашниот играч на Волфсбург потпиша договор на 5 години до јуни 2021 година.
,,Тој е играч кој има 25 години и големо интернационално искуство, а неговиот квалитет многу ќе ни значи во следните години изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд Михаел Корк.
,,Го познавам добро овој тим, тој е еден до најдобрите во Европа. Во следните години сакам со овој клуб да постигнувам големи успеси и убеден сум дека ова беше прав потек на клубот што ме доведе тука – изјави Ширле.
Во својата кариера Андре Ширле играше за Мајнц, Леверкузен, Челзи и Волфсбург, а беше во златната генерација на Јоаким Лев со која во 2014 стана и светски шампион со Германија.
Ширле е осмиот милионски трансфер на Борусија Дортмунд, а воедно и најголем.