Тренерското дуо Гонзалез-Дејвис уште две години во РК Вардар!

Тренерскиот тандем Раул Гонзалез Гутиерез и Давид Дејвис Камара остануваат во РК Вардар во следните две сезони на клупата на македонскиот ракометен шампион.

гонзалес-дејвис

Раул Гонзалес како главен тренер, а Дејвис Камара како негов помошник, продолжуваат на своите функции на кои беа и претходните три сезони.

,,Со нашите тренери уште по завршувањето на сезоната имавме договор за продолжување на соработката. Сега, на почетокот на подготовките само ги конкретизиравме деталите.

,,Тие ќе останат дел од клубот уште најмалку две сезони. Секако дека сме задоволни од досегашната соработка.

,,Трипати стигнавме во четврт-финалето на ЛШ, ја освоивме СЕХА лигата и плус бевме финалисти, и ја одбранивме двојната круна во домашното првенство.

,,Тоа се доволни препораки за останување и заеднички обид да се направи нов чекор напред во сезоната што доаѓа. Вардар секогаш има високи спортски цели и веруваме дека овој стручен штаб може да ги оствари, се вели во изјавата на Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Црвено-црните се во Словенија каде во рамките на подготовките ќе одиграат две пријателски средби со екипата на Горење на 6 и 10 август, а до стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, РК ВАРДАР ќе настапи на уште неколку силни меѓународни натпревари.

Како и изминатите така и оваа сезона главна цел ќе биде висок пласман во Лигата на шампионите и конечно учество на завршниот фајнл-фор турнир.