УЕФА ги исфрла од Европа Реал Мадрид и Јувентус – Прочитајте повеќе за деталите!

Loading

Главниот одбор на организацијата на европскиот фудбал, УЕФА, заседава денеска.

уефа

Се шпекулира дека може да следат драконски казни за Реал и Јувентус, како водачи на бунтот околу Европската Супер Лига.

Според шпанските медиуми, една од идеите е Реал веднаш да биде елиминиран без полуфинален двомеч во Лигата на шампионите, но ќе биде тешко да се добие поддршка бидејќи регуларноста на натпреварувањето би била нарушена.

Друга, поверојатна опција е бунтовниците на целиот проект Реал и Јувентус да бидат исфрлени од Европа на една година.

Навистина е тешко да се замисли каков удар би имале овие два клуба во финансиска и во која било друга смисла.

Се шпекулира дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е понаклонет кон втората опција.