ФОТО: Горан Иванишевиќ објави слика со славна тенисерка – Немавме појма што доаѓа!

ГОРАН ИВАНИШЕВИЌ на својот Инстаграм профил објави фотографија од својата младост каде позира со легендарната Моника Селеш.

Фотографијата е стара околу 30 години, а направена е во времето кога Иванишевиќ и Селеш, како талентирани деца, освојуваа турнири низ цела Југославија.

“Старите добри времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме идеја што би постигнале во годините што доаѓаат”, напиша Иванишевиќ во описот на фотографијата.

Да потсетиме, Иванишевиќ стигна до второто место на АТП листата во кариерата и го освои митскиот Вимблдон во 2001 година, а Селеш беше најдобрата тенисерка во светот освојувајќи ги Австралија опен, Ролан Гарос и УС Опен.