ЕП 2016 во Франција ги доби финалистите. Синоќа домашната репрезентација на Франција го победи светскиот првак Германија со 2-0 и избори финалето на Европското првенство во фудбал.
На „Велодорм“ во Марсеј херојот на Франција е Антоан Гризман кој ги постигна двата гола во судиското надополнување на времето во првото полувреме и во 72.минута од второто полувреме.
Франција во финалето ќе игра против Португалија, која со идентични 2-0 го совлада Велс.
Французите трет пат ќе играат во финалето на едно ЕП, во претходните две ја освоија титулата, додека Португалија втор пат ќе се бори за титулата, пред 12 години Португалците го загубија финалето од Грција.
Франција пододбро влезе во мечот, го притисна противникот во воведните минути, а во седмата Гризман мина крај Боатенг, биеше со десна, но Нојер успеа да одбрани.
Германците преку се обидоа преку Емре Чан, но Лорис успеа да одбрани. Потоа се редеа шансите на Германија, Љорис го одбрани ударот на Швајнштајгер, Дракслер креираше шанса за Милер кој шутираше крај голот, а непрецизен беше и Озил.
Хектор непотребно изфрли една топка во корнер, кој го изведе Гризман, Швајнштајерг непотребно играше со рака, а Рицоли покажа на белата точка.
Гризман ја презеде одговорноста, го испрати Нојер во десната, а топката во левата страна за 1-0 за триколорите.
Германија по еден час игра остана без Боатенг кој го повреди бутниот мускул, на неговото место влезе Мустафи.
Во 72.минута Французите извршија силем притисок пред голот на Нојер, Погба ја освои топката, а потоа со брилијантен дриблинг се ослободи од Мустафи, успеа да нафрли, Нојер лошо го процени летот на топката, успеа само кусо да ја одбие, но до ногата на Гризман кој ја смести зад неговиот грб за 2-0.
Гризман го постигна својот шести гол на ова европско првенство и се зацврсти на првото место кај стрелците каде тешко може некој да го достигне.
До крајот на мечот Дракслер се обиде од слободен удар, а во последната минута Лорис го одбрани одличниот обид со глава на Кимих.
Така в недела од 21 часот во Париз, во финалето ќе се сретнат Франција и Португалија, додека нешто порано во малото финале и борбата за бронзениот медал ќе се сретнат Германија и Велс.