Михтаријан е нов играч на Манчестер Јунајтед!

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед донесе уште едно ново име во своите редови.

михтаријан1

Станува збор за Хенрик Михтаријан кој ги засили црвени ѓаволи од тимот на Борусија Дортмунд.

Михтаријан со Јунајтед потпиш договор на 4 години. Тој изјавил дека овој чекор за него е исполнување на сонот.

,,Возбуден сум што ќе играм за клуб со таква историја и се надевам дека ќе бидам дел од него долго време.

,,Му благодарам на клубот и на Жозе Мурињо за довербата, изјави Михтаријан.

михтаријан

Новиот менаџер Мурињо посочи дека Михтаријан е талентиран фудбалер и во одлична форма.

,,Тој е тимски играч со одлични вештини и има добро око за гол. Воодушевен сум што одлучи да потпише за Манчестер Јунајтед.

,,Верувам дека ќе има свое влијание во тимот многу брзо бидејќи неговата игра одговара на играта во Премиер лигата, изјави Жозе.

27 годишниот Михтаријан имаше 140 настапи и 41 гол за тимот на Борусија Дортмунд од 2013 година наваму.