ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: ШОК – И официјално, Мбапе заминува од ПСЖ!

Loading

Цела Франција и тимот на ПСЖ се во шок откако францускиот репрезентативец реши да си замине од шампионот на Франција.

Килијан Мбапе заминува во дресот на Реал Мадрид и таму ќе игра во новата сезона, објавуваат француските медиуми. Тој имаше разговори со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани за продолжување на соработката, но се случи спротивното.

„Мбапе ќе се приклучи на Реал Мадрид. Катарскиот емир и Флорентино Перез договорија цена од 200 милиони евра плус 50 милиони евра во вид на бонуси“, стои во објавата на француските медиуми.

И претходно Мбапе најави дека нема да ја продолжи соработката по истекување на договорот до јуни 2024 година, па затоа челниците на ПСЖ решија да го продадат Мбапе ова лето за да заработат одлична сума од неговиот трансфер.