(ВИДЕО) Започна Црно-белото лудило на Партизан – Настрада тренерот Жељко Обрадовиќ!

Loading

Кошаркарите на Партизан ја освоија АБА лигата и знаеја како да се прослават.

фото: Starsport

Црно-белите ја победија Црвена Звезда во „мајсторката“ од финалната серија со 96:85 и по десет години на клубот му го донесоа тој трофеј кој е рекорден за нив во АБА лигата вкупно 7-ми во историјата со што му победнаа на градскиот ривал кој остана на шест.

Славјето на избраниот тренер Жељко Обрадовиќ започна на паркетот на „Штарк Арена“, а продолжи во соблекувалната… Но и во официјалните простории!

фото: Starsport

Додека Обрадовиќ држеше прес-конференција на која ги анализираше финалните серии и останатите сегменти од оваа сезона, играчите влетаа, го опсипуваа со се и сешто, а потоа почна лудилото!