Младиот и талентиран играч на Тотенхем, 20 годишниот Деле Али го продолжи договорот со лондонскиот клуб до 2022 година.
Али, во Тотенхем пристигна од Милтон Кинс во 2015 година.
Деле Али во својата прва сезона на „Вајт Харт Лејн“, одигра 46 натпревари на кои постигна 10 голови.
Тинејџерот ги има поминато сите селекции на англиската репрезентација, а во октомври минатата година дебитираше за А репрезентацијата, за која настапи на Европското првенство оваа година.
Тотенхем не ги објави финасиските детали од новиот договор.