Видео: Милан го доби дербито со Лацио и изби на второто место во Серија А

Во 5. коло од италијанската Серија А, се одигра еден натпревар.

милан

Милан на Сан Сиро го победи Лацио во дербито со 2:0 и ја запиша втората победа по ред во Калчото.

Најголем придонес за успехот на „росонерите“ имаше Карлос Бака, кој го постигна првиот гол непосредно пред крајот на првиот дел.

бака

Колумбискиот голгетер, кој ја донесе победата од 1:0 над Сампдорија во минатото коло, веќе има 5 гола оваа сезона на 5 средби и се израмни со лидерот кај стрелците Хозе Каљехон од Наполи.

Бака имаше и придонес за досудениот пенал по паузата кој Мбаје Нианг го реализира за конечен резултат 2:0.

Со новите трите бода, Милан изби на второто место на табелтата со 9 бода.

нијанг

Останатите средби од 5.коло се играат вечерва.

Ова се головите од мечот…