Истанбул домаќин на фајнл-фор турнирот во Евролигата следната година!

Градот Истанбул ќе биде домаќин на фајнл-фор турнирот во кошаркарската Евролига следната година.

евролига

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ со својот Фенербахче ќе има шанса да се бори за трофеј во Евролигата оваа сезона пред „домашна“ публика.

Иако сè уште нема потврда, реномираната кошаркарска интернет-страница „Еурохупс“вели дека 99% работата е готова.

Се очекува наскоро Евролигата да излезе и со свое соопштение на оваа тема.

Антиќ и Фенербахче се меѓу фаворитите за освојување на трофејот во Евролигата сезонава.

Досега, македонскиот крилен центар има одиграно три финалиња и двапати со Олимпијакос го подигна пехарот.

Истанбул последен пат беше домаќин на фајнл-фор турнирот од Евролигата во 2012 година.