ФИФА ќе плати вкупно една милијарда долари на националните асоцијации и клубови како награди за пласман на Светското првенство 2022 и како компензација на клубовите за учеството на нивните играчи во Катар.
Наградата за репрезентацијата која ќе ја освои титулата светски првак ќе изнесува 42 милиони долари.
На оваа сума се додаваат и 1,5 милиони долари кои секоја репрезентација ги добива за подготовки, а уште девет милиони за учество во групната фаза.
Така шампионот ќе добие вкупно 52,5 милиони долари.
Финалистот ќе добие 40,5 милиони долари, бронзениот 27 милиони долари, а четвртопласираниот 25 милиони долари.
Екипите од петтото до осмото место ќе заработат 17 милиони плус бонуси за подготовките и групната фаза, а ФИФА ќе подели 104 милиони долари на екипите од 9-то до 16-то место, што значи дека само минување на групата носи загарантирани 13 милиони долари.
ФИФА ќе додели околу 209 милиони долари за обештетување на клубовите чии играчи ќе настапат на Светското првенство во Катар.