Стеф Кари сеуште без Клеј Томпсон – Познато е кога се враќа шутерот на НБА терените!

Loading

И покрај предвидувањата дека американскиот кошаркар Клеј Томпсон би можел да се врати на кошаркарските терени на почетокот на новата сезона во НБА, сепак тоа нема да се случи, објави ХИНА.

Заедно со Стеф Кари, најдобриот играч на Голден Стејт, еден од најдобрите шутери во лигата и петкратен Ол Стар играч, може да се врати само во текот на 2022 година, изјави генералниот директор на „воините“ од Сан Франциско, Боб Маерс.

„Можеби ќе се врати во декември, можеби во јануари, а можеби и подоцна“, им рече Маерс на американските новинари.

Томпсон не беше на паркетот во последните две сезони. Тешката повреда на Ахиловата тетива, но и компликациите за време на рехабилитацијата, го натераа овој 31-годишник да чека долго време.

„Кога би го виделе Клеј на паркетот во моментов, веројатно би рекле дека може да игра уште утре. Но, едно е тренинг, а друго лига и игра пет на пет. Тој дефинитивно не е подготвен да се врати “, додаде Маерс.

Покрај тоа, Маерс додаде дека постои опција да се испрати Томпсон во „братскиот“ клуб на Голден Стејт, од Г лигата, каде што физички ќе се кали за да се врати во НБА лигата.