Спектаклот Фјури-Кличко на 29 октомври во Манчестер!

Loading

Долго очекуваниот бокс меч за светски шампион во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Владимир Кличко ќе се одржи на 29 октомври во Манчестер.

фјури-кличко

Фјури, на својот „твитер“ профил напишал: „Конечно сме тука, наскоро очекувајте објава за мечот Фјури – Кличко.

,,Имаше многу политички глупости, но се е завршено, Манчестер Арената е резервирана за 29 октомври.

,,Боксерите се спремни, адвокатите и промотерите исто“.

Wladimir-Klitschko-vs-Tyson-Fury1 Wladimir-Klitschko-vs-Tyson-Fury

Римечот беше одложуван во неколку наврати, а последниот кој требаше да се одржи на 9 јули се одложи поради повреда на Фјури.

Британецот минатиот ноември му го нанесе првиот пораз на Владимир Кличко по 11 години по што ги освои шампионските појаси во четирите верзии (WBA, WBO, IBO и IBF).

Оваа последната му беше одземена на Фјури бидејќи се реши на меч со Кличко наместо да боксува против првиот предизвикувач Вјачеслав Глазков.