Роналдињо на 36 години пронајде нов клуб и му се врати на фудбалот!

Loading

Роналдињо и официјално му се врати во фудбалот.

роналдињо1

Тој потпиша договор со аматерскиот мексикански третолигашки клуб Депортиво.

Договорот на Бразилецот е само за еден пријателски натпревар кој ќе се одигра на 3 декември.

Но двете страни не ја исклучуваат можноста да продолжат со соработката и потоа.

Роналдињо, веќе има 36 години, и е без тим околу 1 година.

За последен пат тој играше за Флуминенсе во својата татковина, пред да го раскине договорот по взаемна согласност.

роналдињо2

Од тогаш Рони беше во потрага на нов клуб, но безуспешно.

Самиот тој најави дека на крајот на оваа сезона ќе стави крај на својата богата фудбалска кариера и така на 37-годишна возраст ќе ги закачи копачките на клин.