Случајно или не синот на Златан откри каде ќе игра неговиот татко!

Loading

Златан Ибрахимовиќ сеуште не го има соопштено името на неговиот нов клуб од следната сезона.

ибрахимовиќ

Веќе неколку недели се шпекулари дека швеѓанецот својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, но официјални потврди се уште нема.

99% од популацијата е сигурна дека Ибрахимовиќ ќе потпише договор со Јунајтед по Европското првенство во Франција, а случајно или не тоа го докажа и неговиот син Максимилиан кој е фотографиран во дресот на „црвените ѓаволи“.

Синот на Златан носеше дрес со кој Јунајтед ќе настапува во следната сезона на гостинските натпревари, а многумина веруваат дека е ова знак дека неговиот татко наскоро ќе потпише за клубот од „Олд Трафорд“.

максимилијан

Останува да видиме дали во сево ова има вистина или не, или пак Златан ќе не изненади уште еднаш сите со својата одлука.