Копа Америка 2016: Чиле и Аргентина убедливо во 1/2 финалето!

Аргентина и Чиле на убедлив начин изборија пласман во полуфиналето на Копа Америка 2016 во САД.

аргентина

Аргентина во полуфиналето ќе игра против домаќинот на турнирот САД, додека Чиле ќе игра против Колумбија.

Меси, во четвртфиналето против Венецуела првпат се најде во стартната постава на Аргентина и веќе во осмата минута му асистираше на Игуаин за водство на Аргентина од 1-0, а истиот играч по половина час ја удвои предноста на „Гаучосите“ на 2-0.

Во второто полувреме Меси го постигна третиот гол за Аргентина, вкупно 54-ти во националниот дрес, со што на вечната листа на најдобри стрелци во аргентинакста репрезентација се израмни со Габриел Батистута.

аргентина-венецуела

Венецуела успеа да намали во 70-та минута преку Саломон Рондон, а конечниот резултат Аргентина-Венецуела 4:1 го постави Ламела, повторно по асистенција на Меси.

Во второто полуфинале бранителот на титулата Чиле го уништи Мексико, кој одлично играше во првата фаза на турнирот.

Чиле ја наполни до врв мрежата на Мексико со 7:0, а блескаше Варгас кој постигна четири гола и стана првиот играч по 1957 година кој на Копа Америка постигнал четири гола на еден натпревар.

варгас чиле-мексико

Два гола во триумфот на Чиле постигна Едсон Пух, а еден Алексис Санчез.

Полуфиналните натпревари на Копа Америка 2016 се играат на 22 и 23 јуни.