Што треба ова да значи? Чави му ја прати честитката на Меси откако беше именуван за тренер на Барселона!

Loading

Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез откри дека се слушнал со Лионел Меси.

ФОТО: EPA

Аргентинецот летово ја напушти Барселона и како слободен играч замина во ПСЖ. Меси и Чави играа заедно 12 години и освоија три ЛШ.

Чави откри дека Меси му испратил порака.

– Лео Меси испрати порака и ми посака среќа. Тој е неверојатен, но повеќе не е тука. Тука не се ниту Ето, ниту Роналдињо. Не можам да размислувам за него, ниту за нив, кога веќе не се во овој клуб. Мора да гледаме во иднината – изјави Чави.