Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез откри дека се слушнал со Лионел Меси.
Аргентинецот летово ја напушти Барселона и како слободен играч замина во ПСЖ. Меси и Чави играа заедно 12 години и освоија три ЛШ.
Чави откри дека Меси му испратил порака.
– Лео Меси испрати порака и ми посака среќа. Тој е неверојатен, но повеќе не е тука. Тука не се ниту Ето, ниту Роналдињо. Не можам да размислувам за него, ниту за нив, кога веќе не се во овој клуб. Мора да гледаме во иднината – изјави Чави.