Се појави клуб кој може да го земе Мбапе од Париз? – Реал во паника!

Loading

Каде оди Килијан Мбапе, е главна фудбалска тема во последните недели.

фото: EPA/Sergio Perez, Shutterstock

Францускиот фудбалер од утрово повеќе не може да ја користи опцијата за една година во договорот бидејќи доби бонус за верност од 40 милиони евра од Пари Сен Жермен.

Мбапе одби да го продолжи договорот со парижаните за на лето да стане слободен играч и на тој начин да се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, Пари Сен Жермен сега го нуди Мбапе на други клубови и бара да го продаде пред крајот на преодниот рок.

Иако љубовта меѓу Мбпабе и Реал е обострана, еден од најдобрите фудбалери во светот би можел да тргне во друга насока. Затоа што Челзи се вклучи во приказната и тоа многу сериозно.

Сопственикот на Челзи, Тод Боелхи лично му се јавил на претседателот на ПСЖ, Ал-Келафи, во обид да го ангажира Мбапе трајно или на позајмица, пишува Екип.

Мбапе на почетокот на летото му порача на клубот од Париз дека нема намера да го продолжи договорот. Па дури и исфрлањето од тимот пред турнејата низ Јапонија не го потресе премногу.

Не е загрижен дали треба да седи на трибините цела сезона. Ја одби баснословната понуда на Ал Хилал од Саудиска Арабија во трансфер вреден една милијарда евра.

Како што пишува францускиот весник, Мбапе има опции или да го продолжи договорот со ПСЖ до летото 2025 година.

Но, со клаузула дека мора да го продадат следното лето во Реал. Нешто треба и клубот од Париз да заработи на него или да го испрати во некој на позајмица ова лето.