Сака да остане во Милан – Голманот Донарума ги разреши сите дилеми околу кариерата (видео+фото)

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.

donna

Тој останува во Милан и во новиот проект на кинеските сопственици на чело со тренерот Винченцо Монтела.

Донарума и самиот инсистирал да остане во клубот и покрај големите понуди од фудбалските гиганти.

Тој ќе го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2018 година.

Подготовките на клубот стартуваат следниот месец па раководството на Милан и тренерот Монтела инсистираа што поскоро да биде разрешена дилемата околу голманската позиција.

Работата е завршена, веќе се договорени финансиите, а договорот ќе биде потпишан пред почетокот на ЕП за младинци во Полска.

Мино Раиола, агентот на Донарума сака во новиот договор да има клаузула за предвремен раскин на договорот, а таа ќе биде над 60 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=Wd6ui4HpaPg