Руди Гарсија е нов тренер на Олимпик Марсеј

Шпанскиот стратег Руди Гарсија е назначен за нов тренер на францускиот тим Олимпик Марсеј.

гарсија

Соработката е договорена за следните три сезони, а деби на кормилото ќе има во недела на дербито против ПСЖ на „Паркот на принцовите“.

Тренерската промоција на „Велодром“ доаѓа по три дена од преземањето на клубот од американсккиот бизнисмен Френк Мекорт.\

Во негова сопственост во минатото беше и бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс.

„Кога го запознав Гарсија, ми рече дека сака да ја освои Лигата на шампиони.

,,Веднаш знаев дека тој е вистинскиот човек за Олимпик“, ја образложи својата одлука Мекорт кој во Марсеј сака да направи тим што ќе може да му парира на ПСЖ.

марсеј

Гарсија лани доби отказ во Рома во италијанската Серија А.

Претходно во тренерската кариера ги предводеше француските екипи Сент Етјен, Дижон, Ле Ман и Лил.