Милош Теодосиќ е избран за најдобар играч надвор од НБА лигата

Loading

Во традиционалната годишна анкета, која ја прават генералните менаџери на НБА тимовите, Милош Теодосиќ е прогласен за далеку најдобар играч надвор од НБА лигата.

теодосиќ

Српскиот кошаркар освои дури половина од гласовите, односно 53,6% по прашањето за тоа кој е најдобар играч во остатокот од лигите.

На втората позиција се пласира уште еден плејмејкер, а тоа е Серхио Љуљ со освоени 28,6% од гласовите, додека како третопласиран е рангиран Нандо де Коло од ЦСКА Москва со 14,3%.

Минатата година за најдобар беше избран Хрватот Дарио Шариќ, кој од оваа сезона е дел од тимот на Филаделфија.

Дали наредната година во НБА лигата ќе се пресели и Милош Теодосиќ, кој има договор со ЦСКА до крајот на сезоната останува да видиме во следниот период.

теодосиќ1

Од страна на менаџерите на НБА лигата беше прогласен и најдобар странец кој моментално настапува во најсилната кошаркарска лига, а тој примат го освои Гркот Јанис Антетокунпо со 27,6% од гласовите.

На второто место се пласира Марк Гасол со 24,1%, а трет ветеранот Дирк Новицки со 22,4%.