Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа до нова победа против Барселона во финалето на шпанскиот кошаркарски шампионат.
Кралевите пред своите гледачи славеа убедливо со 91-74 и се на чекор кон освојување на нова титула бидејќи водат со 2-1 во победи.
Реал Мадрид доминираше на оваа средба во поголемиот дел и заслужено стигна до нов триумф против големиот ривал.
Кралевите на самиот почеток останаа без Џејми Керол, одличниот шутер кој се повреди, па иако се обиде да се врати, немаше учинок во продолжение од натпреварот.
Барселона во финишот од мечот успеа да ја намали разликата, но како што играат на последните два меча, тешко е дека ќе стигнат до титула против вака расположен Реал Мадрид.
Следниот меч се игра утре повторно во Мадрид и со победа „кралевите“ би ја прославиле новата шампионска сезона.
Серџо Љуљ со 21 поен беше лидер на домашната екипа, додека кај гостите Барселона се истакна Анте Томиќ со 18 коша.