ПСЖ го сака триото на соништата – Го носат Кристијано Роналдо ова лето!?

Пари Сен Жермен е заинтересиран да го донесе Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед.

фото: Profimedia

Тој трансфер би можел да се случи летово, тврди порталот 90мин.

Роналдо минатото лето се врати во Манчестер Јунајтед по 12-годишно отсуство. Неговата желба беше клубот да се врати на старите патеки на славата и да се вклучи во борбата за сите трофеи.

Но, тоа не се случи и покрај тоа што постигна 15 гола на 23 натпревари во сите натпреварувања.

Јунајтед испадна од двете куп натпреварувања, далеку е од освојување на Премиер лигата и тешко дека ќе ја освои Лигата на шампионите.

Според порталот, менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш добил прашања од повеќе страни за Роналдо, а едно пристигнало од Пари Сен Жермен.

Тие сакаат да го видат летово во Париз, за ​​по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал да го формираат големо трио Роналдо-Меси-Нејмар.

Извори на овој портал додаваат дека сопствениците на ПСЖ од Катар сериозно имале намера да се наметнат во светот на фудбалот по Светското првенство во Катар.

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во ПСЖ секако би било добитна комбинација.