Против кого ќе игра Македонија на ЕП 2018 во Хрватска – Погледнете ги сите групи (фото)

Во Загреб, беа извлечени четирите групи на Европското првенство во ракомет за мажи кое следната 2018 ќе се одржи во Хрватска.

draw

Македонија ќе биде дел и од ова ЕП, откако го освои првото место во групата 4 од квалификациите.

Ждрепката сакаше, Македонија да биде дел од групата Ц заедно со европскиот шампион Германија, Словенија и Црна Гора.

Во другите групи ќе играат:

Група А (Сплит) – Хрватска, Исланд, Србија и Шведска.

Група Б (Пореч) – Франција, Норвешка, Австрија и Белорусија.

Група Ц (Загреб) – Германија, МАКЕДОНИЈА, Словенија и Црна Гора

Група Д (Вараждин) – Шпанија, Унгарија, Чешка и Данска.

croatia

Во втората фаза пласман ќе обезбедат првите три репрезентации од секоја група.

Во следната рунда групите А и Б вкрстуваат и натпреварите ги играат во Загреб, а Вараждин останува домаќин и во втората фаза на вкрстената група со репрезентациите од групите Ц и Д.

draw1

13-тото Европското ракометно првенство во Хрватска ќе се одржи од 12 до 28 јануари 2018 година.