И во групата Д заврши групната фаза со одигрување на 3.коло.
Во дербито Хрватска со пресврт ја победи Шпанија со 2-1 и го освои првото место во оваа група, со што ја избегнаа Италија во осминафиналето, додека Турција со триумфот од 2-0 над Чешка ги продолжи надежите дека ќе игра во нокаут фазата.
Хрватска со комбиниран тим, без Модриќ, Манџукиќ, Вида, Стриниќ и Брозовиќ успеа да слави против Шпанија и на актуелниот европски првак да му го нанесе првиот пораз по 14 натпревари на континеталните шампионати.
Шпанците уште во седмата минута, преку Мората постигнаа гол за водство. Хрватска израмни во самиот финиш на првиот дел, кога Калиниќ ја искористи лошата комуникација помеѓу Де Хеа и Рамос и постигна убав гол.
Шпанците во 72.минута можеа да го решат победникот, откако судијата Кујперс им подари пенал, но ударот на Рaмос го одбрани Субашиќ.
Казната за промашениот пенал „фуријата“ ја стигна во 87.минута Ракитиќ го исфрли во контра Перишиќ, а играчот на Интер од 15 метри го совлада Де Хеа.
Хрватите во осминафиналето најверојатно ќе играат против Словачка, додека Шпанија во реприза на финалето од последното ЕП, на 27 јуни ќе игра против Италија.
Во вториот меч Турците ги постигнаа првите голови и ја забележаа првата победа на ЕП, која може да ги однесе во нокаут фазата.
Бурук Јилмаз го постигна првиот гол по десет минути игра, потоа Чесите преку Сивок ја погодија стативата, а Волкан го одбрани ударот на Кедербек.
Во вториот дел шанси за Чешка промашија Крејчи и Плашил, пошто Турците ја дуплираа предноста преку Туфан за конечни 2-0.
Вечерва на програмата се 4 средби каде ќе се комплетираа последното 3.коло и во групите Е и Ф.