Копа Америка 2016: Аргентина како брз воз во финалето, уништени САД со 4-0!

Loading

Аргентина ќе игра во финалето на Копа Америка 2016 што се игра во САД.

лавеци

Гаучосите во првото полуфинале ја декласира репрезентацијата домаќин, САД со 4-0.

Аргентинците предводени од Лионел Меси и Гонзало Игуаин немаа никакви проблеми за да го прегазат домаќинот на јубилејното 100-то издание на Копа Америка.

Серијата на голови ја отвори Лавеци по само 3 минути игра, а половина час подоцна Меси зголеми на 2-0.

Меси со овој гол стана најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, тој со 55 гол за Аргентина на вечната листа зад себе го остави Габриел Батистута.

меси

Судбината на Американците ја запечатати Игуаин со головите кои ги постигна во 50-та и 86-та минута.

Аргентина во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат бранителот на титулата Чиле и Колумбија, а натпреварот се игра вечерва.

сад-аргентина1

Инсерти од мечот…