Жозе Мурињо во новата сезона би можел да седне на жешкото столче на клупата на ПСЖ.
Раководството на “светците” се подготвени да направат ремонт во своите редови, незадоволни од работата на актуелниот тренер, Лоран Блан, кој трета година по ред неуспеа да го одведе тимот во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Оваа сезона ПСЖ беше елиминиран во четвртфиналната фаза, од лондонскиот премиерлигаш Манчестер Сити.
Вест одекна како бомба во светската спортска јавност, а преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза!?.
“Специјалниот” беше најавуван како големо засилување на клупата на Манчестер Јунајтед, но по се изгледа, наместо на “Олд трафорд”, Мурињо ќе заврши на “Паркот на принцовите”.
Останува да видиме во следните денови како ќе се одвиваат работите и дали има вистина во оваа информација или е само шпекулација.