Голем бод на Њукасл против Сити во борбата за опстанок во Премиер лигата!

Loading

Њукасл и Манчестер Сити одиграа нерешено 1:1 во одложениот натпревар од 27.коло од Премиер лигата.

new-mancity

Сити први дојдоа до водство во 14.минута со голот на Кун Агуеро, а домаќинот изедначи во 31.минута преку Вурнон Анита.

Со освоениот бод Манчестер Сити со 61 бод е на третото место, додека Њукасл остана на претпоследното место со 29 бодови, два бода помалку од местото кое обезбедува опстанок во лигата.

new-mancity1

Вечерва се играат уште 3 одложени натпревари во Премиер лигата:

Вест Хем – Вотфорд (30.коло)
Манчестер Јунајтед – Кристал Палас (30.коло)
Ливерпул – Евертон (27.коло).

Утре во натпревар од 30.коло ќе играат Арсенал и ВБА.
На табелата: Лестер има 73 бодови, Тотенхем 68, Манчестер Сити 61, Арсенал 60, Манчестер Јунајтед 56, Вест Хем 53, Саутемптон 51, Ливерпул 51…

Инстерти од натпреварот на Сент Џејмс Парк…