Повторно одложено дебито на Роналдо за Ал Наср – Ова е датумот кога за првпат ќе заигра за новиот тим!

Loading

Дебито на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за неговиот нов клуб Ал Наср се очекува на 22 јануари, изјави денеска за AFP извор близок до саудискиот клуб.

фото: Power Sport Images / Shutterstock Editorial / Profimedia

Се шпекулираше дека Роналдо ќе дебитира на 5-ти јануари, а потоа беше циркулиран датумот 12-ти јануари.

Роналдо ќе може да игра за Ал Наср откако клубот го раскина договорот со Камерунецот Винсент Абубакар за да го испочитува максималниот број странци што го постави саудиската федерација.

Својот прв настап Роналдо ќе може да го има на 22 јануари против Еифак, бидејќи прво мора да ја одлежи суспензијата од два натпревари што ја заработи додека настапуваше за својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

“Ал Наср го раскина договорот со Винсент Абубакар со заедничка согласност и тој го доби целото финансиско обештетување кое му следуваше. Роналдо ќе отслужи суспензија од два натпревари пред неговото деби”, изјави извор близок до клубот.

Роналдо со саудискиот клуб потпиша договор до 2025 година и за време на договорот ќе заработи околу 200 милиони евра.