Пола милијарда евра во кеш од Манчестер Ј. за Меси и Нејмар!?

Loading

Во Англија веста број еден денеска доаѓа од Манчестер каде Јунајтед има голем план во своите редови да го донесе дуото од Барселона Лео Меси и Нејмар Јуниор.

mesiney

Понудата е ни помалку ни повеќе половина милијарда евра, а „Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула на Меси од 250 милиони, плус да доплатат уште 250 милиони за Нејмар и со тоа да ја направат наголемата трансфер операција во историјата на фудбалот.

И двајцата фудбалери имаат проблеми со порезот во Шпанија, па тоа сака да го искористи Манчестер Јунајтед.

Сепак оваа операција делува како невозможна мисија, а без оглед на астрономската понуда тешко дека Барселона ќе ја прифати и да остане без двете најголеми ѕвезди во клубот.

Манчестер Јунајтед е финансиски моќен и може во секој момент да ја искешира оваа сума, но останува прашањето дали Барселона е спремна на оваа понуда која некако може да им ги плати заостанатите долгови кои изнесуваа милиони.