Реал Мадрид доби ,,клоца,, од настапите во Кралскиот куп поради кардинална грешка!

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид е исфрлен од Купот на кралот, откако русинот Денис Черишев настапи за Реал на мечот во Купот против Кадиз, иако имал три жолти картони заработени во периодот кога настапувал за Виљареал.

rusi11

Шпанскиот третолигаш веднаш вложи жалба, а Шпанскиот фудбалски сојуз брзо реагираше и го исклучи Реал Мадрид од понатамошните натпреварувања во Купот на кралот.

Тренерот Бенитез не бил известен за ова и тој во тимот кој го започна мечот во Кадиз го стави и Черишев. Рускиот репрезентативец во третата минута постигна гол, а беше заменет по само 45 секунди игра во второто полувреме.

Не е познато дали е заменет откако некој се сетил дека тој нема право на настап, но во секој случај клубот доцна реагирал. Според правилата еден тим може да биде дисквалификуван доколку игра со суспендиран фудбалер, тоа и се случи на Осасуна минатата сезона.

copa-del-rey

Тренерот на Реал Рафа Бенитез не сакаше да ја коментира одлуката на сојузот, а Претседателот Флорентино Перез рече сè што сакаше да каже на таа тема.

Фокусирани сме на Гетафе“, порача Бенитез.