Французинот Пол Погба донесе одлука за својата иднина, па така решил да се врати на Олд Трафорд.
Тој ги известил лидерите на старата дама преку својот агент Мино Раијола дека сака трансфер во Манчестер јунајтед, па со тоа долгонајавуваниот рекорден трансфер влегува во завршен чин.
Покрај приликата да соработува со Жозе Мурињо, Пол Погба е примамен и од милионите на Манчестер Јунајтед.
Од англсикиот клуб добил пет годишен договор и 13 милиони евра по сезона, но благодарејќи на имиџ правата, неговите примања можат да се искачат и до 20 милиони евра годишно.
По ваквиот потег на Пол Погба, сега само прашање на време е кога двата клуба ќе пронајдат заеднички јазик.
Јувентус бара најмалку 120 милиони евра и веќе ја одби првата понуда на Манчестер јунајтед вредна 101 милион евра.