Париз беше голема грешка – Шпанецот го напушта ПСЖ по само една сезона?!

Loading

Искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната.

Рамос (35) минатото лето пристигна во Париз како големо засилување, потпиша двегодишен договор, но не ги оправда очекувањата.

Имаше многу проблеми со повредите, одигра вкупно пет натпревари и само два пати беше на теренот од првата до последната минута.

Наводно постои обострана желба да се прекине соработката на лето.

Рамос во Париз пристигна од Реал Мадрид каде помина 16 години и освои се што можеше да се освои во светот на фудбалот.