Овој суперкомпјутер пресмета кој ќе игра и победи во финалето на СП 2022 во Катар – Мечот ќе биде од епски размери!

Уште само 23 дена не делат од почетокот на 22-то Светското фудбалско првенство бво Катар 2022.

Предвидувањата започнаа сериозно, секој има свои фаворити, а исходот од турнирот во Катар го анализираше вештачката интелигенција (АИ).

Со помош на таканаречен суперкомпјутер, вештачката интелигенција направи детална анализа и можни исходи до финалето со помош на агенцијата „BCA research“.

При пресметката беа земени предвид различни параметри како моменталната форма и квалитет на играчите, потоа распоредот во групата и секако позицијата на ФИФА рангирањето.

Така овој суперкомпјутер откако ги внесе сите параметри пресмета дека нов светски првак ќе биде Аргентина која во финалето ќе ја совлада Португалија.

Од нашите соседи, Србија нема да ја мине групата, бидејќи од нив подобри ќе бидат Бразил и Швајцарија, додека Хрватска во осминафиналето ќе биде елиминирана од Шпанија.

Според проекцијата во четврт-финалето ќе играат Холандија – Аргентина, Шпанија – Бразил, Англија – Мексико и Германија – Португалија.

Во полуфиналето, Аргентина би го победила Бразил во јужноамериканската класика, а Португалија би ја совладала Англија во европската пресметка.

фото: BCA RESEARCH

Доколку навистина се случи ова сценарио, би било феноменално доколку во финалето се сретнат двајцата најдобри фудбалери на денешницата – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Особено што Роналдо својата блескава клупска кариера ја круниса со титулата европски првак со Португалија во 2016 година, додека Меси дури минатата година конечно успеа да го освои својот прв трофеј со Аргентина, триумфирајќи на Копа Америка.

Единствениот трофеј што и двајцата не го освоија е НАЈГОЛЕМИОТ, титулата Светски шампион во фудбал!

фото: PROFIMEDIA

Според обложувалниците, Аргентина е еден од фаворитите на Мундијалот, што се должи на одличната форма на оваа селекција и серијата од 34 натпревари без пораз и феноменалната форма на Лионел Меси во месеците пред Светското првенство.

Исто така, важен фактор е, на хартија, прилично лесната група за „гаучосите“ во Катар со селекции од Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Од друга страна, Португалија како финалист е прилично изненадување за многумина, иако имаат фантастичен тим.

фото: PROFIMEDIA

Инаку, ниту Португалија не би требало да има премногу проблеми да ја помине групната фаза, која ќе игра против Уругвај, Јужна Кореја и Гана.

И додека клучниот адут на Аргентина е Меси, Португалците не се премногу оптимисти за формата на Роналдо, кој ретко игра за Манчестер Јунајтед и постигна само три гола оваа сезона.

Светското првенство во фудбал што ќе се игра во Катар започнува на 20 ноември.