(ВИДЕО) Како од шега со тежок деформитет испиша историја во фудбалот – Беше господар на играта, а почина како заборавен херој!

Loading

На денешен ден во 1933 година е роден еден од најдобрите бразилски и светски фудбалери – Гаринча.

фото: goal.com

Мануел Франциско дос Сантос, попознат по прекарот Гаринча, е роден на 28 октомври 1933 година во градот Мага, во близина на Рио.

Како што секоја приказна за фудбалски великан од почетокот на 20-от век не смее да биде необична, така и тажната судбина на овој фудбалски велемајстор никого нема да остави рамнодушен.

Гаринча е роден со деформиран рбет, шест сантиметри пократок и искривена лева нога и изгледал како дете кое ќе се бори за живот. Но, тој живот имаше и свои блескави моменти.

Неговата сестра му го дала прекарот Гаринча, по мала птица, а го опишала неговиот изглед и темперамент.

Помало од другите деца, несреќно градено, болно, ова момче, како и неговите врсници, уживаше да гледа фудбал. Набрзо следеше првата можност, првиот контакт со топката и на сите им беше јасно – се роди ѕвезда!

Поталентиран и поумешен од другите, не можеше да остане незабележан – сите фудбалски менаџери одлично знаеја кој е Гаринча.

А Гаринча беше како никој досега и – нема да биде!

Тој беше сиромав човек кој можеше да му даде на фудбалскиот свет неповторливи игри, му се восхитуваа сите што го виделе барем еднаш.

“Гаринча беше неверојатен играч, еден од најдобрите на сите времиња. Можеше да се справи со топката како никој друг. Да не беше тој никогаш немаше да освојам три Светски првенства”, изјави Пеле.

За жал, фудбалската бајка не траеше долго! Тој тргна по стапките на својот татко алкохоличар, трошејќи ги заработените пари правејќи го она што најдобро го прави на скапи пијалоци и лесни жени – лесно ги совладуваше противниците, но гените не.

Слабото и болно тело не можело многу да издржи, а срцето му откажа на 20 јануари 1983 година на 50-годишна возраст.

КЛУПСКА КАРИЕРА

Во 1953 година потпишал за клубот Ботафого од Рио де Жанеиро. Својот прв натпревар го одигра на 19 јули 1953 година. На тој натпревар тој постигна три гола во победата од 6-3 против фудбалскиот клуб Бонсуцесо. За Ботафого одигра 581 натпревар и постигна 232 гола.

Играше и за Коринтијанс (1966), Португеса (1967), Фламенго (1968-69), Оларија (1971-72) – сите од Бразил и Атлетико Јуниор (1968) – од Колумбија. Неговиот последен настап како играч беше на Божиќ 1982 година.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

За Бразил одигра 60 натпревари од 1955 до 1966 година, за „Кариоките“ играше на Светските првенства во 1958, 1962 и 1966 година.

Играјќи за националниот тим, тој загуби само еден натпревар (пораз од 3-1 од Унгарија) на Светското првенство 1966. Тоа беше неговиот последен натпревар за Бразил.

Интересно е што Бразил никогаш не загубил натпревар во кој тој и Пеле играле заедно.