Олимпијадата во Рио за Усеин Болт ќе биде последната во неговата кариера!

Loading

Најбрзиот човек на планетата спринтерот од Јамајка Јусеин Болт потврди дека Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе бидат неговите последни во кариерата.

bolt1

29-годишниот Болт се надева дека на Олимпијадата во 2016 по третпат ќе ги освои титулите на 100 метри, 200 метри и 4х100 метри, по успесите во Пекинг во 2008 и Лондон во 2012 година.

„Дефинитивно ова ќе биде мојата последна Олимпијада. Ќе биде многу тешко да се продолжи уште 4 години, и да се заддржи мотивацијата, посебно ако ги остварам целите тука. Мојот најголем сон е да освојам уште еднаш три злата.

,,Тоа е мојата цел и сон и на тоа сум моментално фокусиран, завршил Болт.