Паднаа во вода сите шпекулации, Венгер и следната сезона на клупата на Арсенал!

Loading

Арсен Венгер ќе остане на менаџерското столче во Арсенал и следната сезона. Тој нема намера да се повлече од функцијата прв тренер на Арсенал каде е веќе скоро 20 години.

Wenger

Навивачитете многупати го искажаа своето незадоволство од резултатите на својата екупа и побараа Венгер да си замине по крајот на оваа кампања, но сепак тој потврди дека и наредната сезона останува во Арсенал.

,,Критиките не се добредојдени кога се борите за титулата во Премиер лигата, особено по лондонското дерби со Тотенхем, каде немавме и среќа.

,,Јас го давам најдоброто за клубот, го сакам и ако можам да ја поделам љубовта со навивачите ќе биде уште подобро.

,,Го вложувам целото мое знаење за доброто на тимот, јас сум посветен и ќе бидам тука наредната сезона, – изјавич французинот.

Арсенал и оваа сезона ќе ја заврши без позначаен трофеј, бидејќи доживеа елиминации во Капитал Купот, ФА Купот, Лигата на шампионите, а единствената шанса да се направи е Премиер лигата во која заостанува зад лидерот Лестер цели 11 поени.