Најбрзиот човек на планетата спринтерот од Јамајка Јусеин Болт потврди дека Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе бидат неговите последни во кариерата.
29-годишниот Болт се надева дека на Олимпијадата во 2016 по третпат ќе ги освои титулите на 100 метри, 200 метри и 4х100 метри, по успесите во Пекинг во 2008 и Лондон во 2012 година.
„Дефинитивно ова ќе биде мојата последна Олимпијада. Ќе биде многу тешко да се продолжи уште 4 години, и да се заддржи мотивацијата, посебно ако ги остварам целите тука. Мојот најголем сон е да освојам уште еднаш три злата.
,,Тоа е мојата цел и сон и на тоа сум моментално фокусиран, завршил Болт.